top of page

Испитувања во одделни области

Центарот за истражување, развој и континуирано образование може да организира и спроведе експериментални, или виртуелни испитувања во сите области од дејствувањето на Машинскиот факултет – Скопје. Испитувањата може да се однесуваат во регулираните области, односно да се спроведат согласно определени технички стандарди и други прописи, или на база на барање и постапка дефинирани од одделни нарачатели.

Во експерименталните испитувања се користи современа опрема за мерење и обработка на резултатите.

Виртуелните испитувања се спроведуваат преку развој на модели и симулација со помош на професионални пакети во областите на конечните елементи, автоматската динамичка анализа на механичките системи, флуидните и термичките процеси и слично.

Испитувањета ги организираат и спроведуваат врвни експерти од Машинскиот факултет – Скопје.

bottom of page