Инспекциja на лифтови, дигалки и транспортери
Основната дејност на Инспекциското тело за лифтови, дигалки и транспортери е инспекција (контрола) на лифтови, дигалки и транспортери, односно вршење на технички преглед и оцена на сообразност - лифтови (модул G), дигалки и транспортери. Инспекциското тело за прв пат е акредитирано од страна на Институт за акредитација во 2009 година под ознаката ИТ – 021
ИТ – 021 нуди:
-
Оцена на сообразност - Поединечна верификација на лифтови (модул “G”)
-
Оцена на сообразност на сите типови на дигалки и индустриски транспортери
-
Технички преглед на лифтови за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или за превоз само на стоки со пристап на лица во кабината
-
Технички преглед на транспортери за лица (ескалатори и подвижни ленти за превоз на лица)
-
Технички преглед на: - мостовски дигалки (кранови):
-
портални,
-
полупортални дигалки (кранови);
-
подвижни и неподвижни конзолни дигалки (кранови);
-
подвижни и неподвижни дигалки (кранови) со столб или кула.
-
-
Технички преглед на дигалки монтирани на возила кои служат за натоварување и растоварување
-
Технички преглед на дигалки за одржување и сервисирање возила
-
Технички преглед на:
-
сите други дигалки кои што работат со помош на челично јаже, верига или некој друг елемент за подигнување на товар и користат рачен или механизиран погон
-
виљушкари
-
-
Технички преглед на сите видови на транспортери (транспортери со ленти, транспортери со плочки, транспортери со гребла и сл. кои служат континуиран транспорт на товар во парчиња или растресити и сипливи материјали (метални или неметални минерални суровини)
-
Технички преглед на лифтовски платформи за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или само за превоз на стоки со пристап на лица на платформата