Жичарници и ски лифтови

Macedonian

ЖИЧАРНИЦИ И СКИ ЛИФТОВИ ОЦЕНКА НА СООБРАЗНОСТ- ВЕРИФИКАЦИЈА НА ЕДИНИЦА (МОДУЛ G)

Со оценката на сообразност на жичаната постројка се проверува и утврдува дали при проектирањето, производството и испитувањето на истата се применети важечките директиви, техничките прописи, стандардите, упатствата од произведувачот, Законот за безбедност на производите и прописите во областа за безбедност и здравје при работа. Оценката на сообразност се врши според Правилник за пуштање во пазар на жичани постројки наменети за превоз на лица (Сл.весник на Р.М 59/2007).

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД И ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА

Со прегледувањето и испитувањето на опремата се проверува и утврдува дали доле наведената опрема која се користи при процесот на работа се применети мерките на безбедност и здравје при работа утврдени со прописите во областа за безбедност и здравје при работа , техничките прописи, стандардите и упатствата од произведувачот. Прегледот и испитувањето на жичарниците и ски-лифтовите се врши врз основа на Правилникот за користење жичарници (“Службен весник на Р.М. бр. 63/2010”).