Оцена на сообразноста на нова опрема,прв технички преглед за ставање во употреба и периодични прегледи и испитувања.

Macedonian

Согласно Законот за техничка инспекција (Службен весник на Р.Македонија  бр. 88/2008), опремата според областите опфатни во членот 5 подлежат на инспекциски надзор кој го врши Државниот Инспекторат за Техничка Инспекција. Активностите на технички прегледи и периодични испитувања на предметната опрема ги врши независно правно лице -Инспекциско тело акредитирано согласно МКС EN ISO 17020, кое има решение за вршење на инспекциските активности. За техничката опрема која е во опсегот на акредитација на Инспекциското тело ИТ 027, инспекциските активности и периодите на вршење на истите се во согласност со Правилниците кои ја третираат соодветната област во која припаѓа техничката опрема која е предмет на инспекциски активности.

Oпрема под притисок

Оценката на сообразност се врши врз основа на Правилникот за опрема под притисок (“Службен весник на Р.М. бр. 17/2007”), а Техничките прегледи и периодична инспекција се вршат врз основа на Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009") и тоа Технички преглед при ставање во употреба и  Периодична инспекција при користење.

Пренослива опрема под притисок

Оценката на сообразност, Повторната оценка на сообразност и Прегледот и испитувањето на преносливата опрема под притисок се вршат врз основа на Правилникот за пренослива опрема под притисок (“Службен весник на Р.М. бр. 17/2007”).

Жичарници и ски-лифтови

Оценката на сообразност се врши според Правилник за пуштање во пазар на жичани постројки наменети за превоз на лица (Сл.весник на Р.М 59/2007)

Прегледот и испитувањето на жичарниците и ски-лифтовите се врши врз основа на Правилникот за користење жичарници (“Службен весник на Р.М. бр. 63/2010”).

Метални конструкции

Со прегледувањето и испитувањето на металните конструкции се проверува и утврдува дали на конструкцијата која се става во употребаа, се применети, техничките прописи, стандардите и упатствата од производителот.

Прегледот и испитувањето металните конструкции се врши врз основа на РУ.00100.09.00-Работното упатство за преглед и испитување на металните конструкции, а согласност со Националните и меѓународни прописи и препораки при прв технички преглед после завршена монтажа. Прегледот и испитувањето металните конструкции се врши врз основа на РУ.00100.09.00-Работното упатство за преглед и испитување на металните конструкции, а согласност со Националните и меѓународни прописи и препораки технички преглед при експлоатација.