Опрема под притисок

Macedonian

ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК И ПРЕНОСЛИВА ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК

1) ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК

а.ОЦЕНКА НА СООБРАЗНОСТ- ВЕРИФИКАЦИЈА НА ЕДИНИЦА (МОДУЛ G).Со оценката на сообразност на опремата под притисок се проверува и утврдува дали при проектирањето, производството и испитувањето на истата се применети важечките директиви, техничките прописи, стандардите, упатствата од произведувачот, Законот за безбедност на производите и прописите во областа за безбедност и здравје при работа. Оценката на сообразност се врши врз основа на Правилникот за опрема под притисок (“Службен весник на Р.М. бр. 17/2007”)

б.ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД И ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА.Техничките прегледи и периодичните испитувања се вршат согласно Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009").

1.ПАРНИ КОТЛИ И НИВНИ ИНСТАЛАЦИИ

Прегледот и испитувањето на парните котли и нивните инсталации се врши врз основа на Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009") и тоа:

а.ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ПРИ СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА.Првиот технички преглед се врши при ставање во употреба на парни котли и нивни инсталации, а периодичната инспекција се врши во временски распоред дефиниран во Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009").

б. ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕ.Периодичните испитувања се изведуваат во рамките на: Технички преглед на надворешноста, Технички преглед на внатрешноста, Проверка на интегритет.

2.САДОВИ ПОД ПРИТИСОК И НИВНИ ИНСТАЛАЦИИ

Прегледот и испитувањето на садовите под притисок и нивните инсталации се врши врз основа на Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009") и тоа:

а.ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ПРИ СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА.Првиот технички преглед се врши при ставање во употреба на садовите под притисок и нивни инсталации, а периодичната инспекција се врши во временски распоред дефиниран во Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009").

б.ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕ.Периодичните испитувања се изведуваат во рамките на: Технички преглед на надворешноста, Технички преглед на внатрешноста, Проверка на интегритет.

3.ПОСТРОЈКИ ОД ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК

Прегледот и испитувањето на постројките од опрема под притисок се врши врз основа на Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009") и тоа:

а.ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ПРИ СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА.Првиот технички преглед се врши при ставање во употреба на постројки од опрема под притисок, а периодичната инспекција се врши во временски распоред дефиниран во Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009").

б.ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕ.Периодичните испитувања се изведуваат во рамките на: Технички преглед на надворешноста, Технички преглед на внатрешноста, Проверка на интегритет.

4.МАГИСТРАЛНИ НАФТОВОДИ И ГАСОВОДИ

Прегледот и испитувањето на магистралните нафтоводи и гасоводи се врши врз основа на Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009") и тоа:

а.ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ПРИ СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА, Првиот технички преглед се врши при ставање во употреба на постројки од опрема под притисок, а периодичната инспекција се врши во временски распоред дефиниран во Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009").

б.ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕ. Периодичните испитувања се изведуваат во рамките на: Технички преглед на надворешноста, Технички преглед на внатрешноста, Проверка на интегритет.

5.ИНСТАЛАЦИИ ЗА ПОЛНЕЊЕ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ: Постројки кои содржат опрема под притисок за складирање на гасови под притисок наточени од пренослива опрема под притисок, Постројки кои се определени да наточуваат гасови под притисок во пренослива опрема под притисок, Постројки кои се определени да наточуваат гасови под притисок во возила на земјена, водна или воздушна пловидба  Прегледот и испитувањето се врши врз основа на Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009") и тоа:

а.ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ПРИ СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА, Првиот технички преглед се врши при ставање во употреба, а периодичната инспекција се врши во временски распоред дефиниран во Правилникот за користење на опрема под притисок ("Службен весник на Р.М. бр.32/2009").

б.ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕ. Периодичните испитувања се изведуваат во рамките на: Технички преглед на надворешноста, Технички преглед на внатрешноста, Проверка на интегритет.

2) ПРЕНОСЛИВА ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК

а.ОЦЕНКА НА СООБРАЗНОСТ- ВЕРИФИКАЦИЈА НА ЕДИНИЦА (МОДУЛ G) Со оценката на сообразност на преносливата опрема под притисок се проверува и утврдува дали при проектирањето, производството и испитувањето на истата се применети важечките директиви, техничките прописи, стандардите, упатствата од произведувачот, Законот за безбедност на производите и прописите во областа за безбедност и здравје при работа. Оценката на сообразност се врши врз основа на Правилникот за пренослива опрема под притисок (“Службен весник на Р.М. бр. 17/2007”)

б.ПОВТОРНА ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ НА ПРЕНОСЛИВА ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК Со повторната оценката на сообразност на преносливата опрема под притисок се проверува и утврдува дали преносливата опрема под притисок ги исполнува важечките Национални и меѓународни прописи и препораки.

в.ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД И ПЕРИОДИЧНА ИНСПЕКЦИЈА (МОДУЛ 1) Со прегледувањето и испитувањето на пренослива опрема под притисок се проверува и утврдува дали доле наведената опрема која се користи при процесот на работа се применети мерките на безбедност и здравје при работа утврдени со прописите во областа за безбедност и здравје при работа техничките прописи, стандардите и упатствата од произведувачот. Прегледот и испитувањето на преносливите опрема под притисок се врши според Правилникот за пренослива опрема под притисок (“Службен весник на Р.М. бр. 17/2007”)-глава IV точка 1.Периодична инспекција на производи (Модул 1)